ПОСЕТА НА ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ПОМОРСКАТА ВОЕНА АКАДЕМИЈА „Н. Ј. ВАПЦАРОВ“ ВО ВАРНА, Р. БУГАРИЈА НА ВОЕНАТА АКАДЕМИЈА ВО РАМКИТЕ НА ЕРАЗМУС ПРОГРАМАТА

02.04.2024

Во рамки на регионалната соработка и соработката која Воената академија ја остварува преку програмата Еразмус+, делегација предводена од Заменик началникот за администрација и логистика на Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија, капетан 1 класа Валчо Атанасов и капетан Петар Климов ја посетија Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје во периодот од 25-29 март 2024 година.

За време на посетата претставниците од Поморската воена академија „Н. Ј. Вапцаров“ во Варна, Р. Бугарија имаа можност да учествуваат во активности поврзани со едукација и обука, како и да остварат средба со Деканот на Воената академија, Еразмус+ координаторот и заменик координаторот од Еразмус канцеларијата, разгледувајќи ги можностите за проширување и продлабочување на веќе воспоставената соработка. Во текот на разговорите, Деканот на Воената академија посебно ги истакна можностите кои се нудат со новиот Институт за сајбер безбедност во рамките на институцијата и Центарот за сајбер безбедност на Поморската воена академија. Во склоп на посетата, тимот од Поморската воена академија исто така ги посети капацитетите на Воената академија наменети за настава, обука, хемиската лабараторија, просториите на институтот за сајбер безбедност, но и капацитетите за сместување на питомци, разменувајќи идеи за унапредување на условите на двете институции и модернизација на процесот на едукација во целост.

Поморската воена академија е еден од долгогодишните, верни партнери на Воената академија главно во согласност со НАТО програмата за развој на образованието во одбраната, како и програмите на Европската Унија со фокус на размената според Еразмус+ на питомци и професори со цел едукација и обука, учество на годишни настани на двете институции, како и општа посветеност на развој на регионалната соработка во областа на високото воено образование.

Галерија